МЕПСО вложува 82,5 милиона евра во 18 проекти

Bez autora
Jul 31 2011

Парите ќе бидат вложени во изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постојната мрежа во источна и во централна Македонија. Македонскиот електропреносен систем-оператор МЕПСО до 2020 година планира инвестиции во 18 проекти со вкупна вредност од 82,5 милиона евра. Со нив се планира изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постојната мрежа во источна и во централна Македонија, како и во полошкиот регион. Таквите планови се содржани во новата „Студија за развој на МЕПСО, инвестициско-оперативен план“ со конкретни рокови и суми, изработен за потребите за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија во наредните десет години. Станува збор за нови и постојни проекти за изградба на нови постројки или ревитализација на постојните капацитети со цел да го зголемиме преносниот капацитет на нашата мрежа и да ја подобруваме во исто време доверливоста во системот.

МЕПСО вложува 82,5 милиона евра во 18 проектиПарите ќе бидат вложени во изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постојната мрежа во источна и во централна Македонија.

Македонскиот електропреносен систем-оператор МЕПСО до 2020 година планира инвестиции во 18 проекти со вкупна вредност од 82,5 милиона евра. Со нив се планира изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постојната мрежа во источна и во централна Македонија, како и во полошкиот регион.

Таквите планови се содржани во новата „Студија за развој на МЕПСО, инвестициско-оперативен план“ со конкретни рокови и суми, изработен за потребите за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија во наредните десет години.

- Станува збор за нови и постојни проекти за изградба на нови постројки или ревитализација на постојните капацитети со цел да го зголемиме преносниот капацитет на нашата мрежа и да ја подобруваме во исто време доверливоста во системот - вели портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.

Според него, студијата е изработена врз основа на регионален пристап со повеќе сценарија и модели согласно меѓународната практика и европските правила.

- Изнесени се многу важни заклучоци за тоа како треба да ја развиваме нашата преносна мрежа за да излеземе во пресрет, од една страна, на новите производители на електрична енергија, а од друга страна, на предвидениот растечки конзум за електрична енергија, без разлика дали се работи на ниво на тарифни потрошувачи или на нови и постојни директни корисници, односно индустриски капацитети - рече Стојанов.

Од интерконекциите кон соседните системи, согласно Студијата, веќе се во подготовка активностите за изградба на 400-киловолтниот далновод Штип-Ниш. Инвестицијата на Македонија од Штип до границата со Србија е 19,2 милиони евра. Тој треба да профункционира во 2013 година, со што ќе се заврши делот од Коридорот 10 на македонска страна. Според Стојанов, веќе е обезбедена финансиската рамка и во тек е постапка за експропријација, по што се очекува да биде распишан тендер за избор на најповолен изведувач. Како исклучително важна интерконекција од МЕПСО го посочуваат и 400-киловолтниот далновод Битола - Елбасан, инвестиција која од Битола до македонска граница ќе не' чини 23,4 милиони евра. Од МЕПСО велат дека наскоро ќе почне изработка на студија за негова одржливост со која ќе аплицираат кај кредиторите. Треба да биде пуштен во погон до 2015 година.

- Како дел од Коридорот 8 тој е прво интерконективно поврзување меѓу Македонија и Албанија, а со албанското поврзување со Италија се очекува нашата држава да стане енергетски јазол - истакна на презентацијата Александар Пауновски, учесник во изработката на студијата. Поврзувањето со косовскиот систем исто така ќе биде со 400-киловолтен далновод Скопје - Ново Косово, со инвестиција од 6,5 милиони евра и почеток со работа во 2020. Проектите што се предвидени со студијата за развој ќе се финансираат 30 проценти од МЕПСО, а останатите од кредиторите Светска банка, Европска банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Студијата за развој, за која како подлога е користена „Енергетската стратегија на МАНУ“, е изработена во соработка со Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ од Загреб и Техничкиот факултет во Битола. Таа е дел од 10-годишниот план за развој на преносната мрежа на Европа, прифатен од Европската асоцијација на преносни систем-оператори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik